X
 23.03.2016 Конкурси

Повик за учество на работилници "Станица:Студентска 4.0"

Повик за учество на работилници кои ќе се оддржат во склоп на целодневниот  студентскиот настан “Станица:Студентска 4.0.„. Имено, посетителите покрај дел од предавањата,можат да учествувваат и во три работилници.



1. Работилница за индустриски дизајн


Концептот на работилницата опфаќа кусо предавање за индустрискиот дизајн, на кое ќе бидат објаснети основите и теоретската позадина на оваа наука. Понатаму, учесниците преку практична работа ќе се обидат да изработат продукт од различни материјали. Прото типовите на продуктите ќе треба да соодејствуваат на потребите на студентите во студентските домови. Во текот на работилницата, учесниците ќе бидат менторирани од двајца фасилитатори. Не е задолжително учесниците да имаат претходни познавања од областа на индустрискиот дизајн, и се добредојдени и студенти и млади со други предзнаења.


Пријавувањето на тимови е на следниот линк.
Пријавувањето на индивидуалци е на овој линк.

2. Мини ЕВЕС со БЕСТ

Го пропуштивте локалното издание на најголемото европско инженерско натпреварување? Без гајле! Ви нудиме втора шанса да се покажете – мини EBEC со Team Design задача, за сите креативци, дизајнери и пронаоѓачи! Целта е да пронајдете креативно решение на некој проблем, и да ги демонстрирате резултатите во ограничен период на време. Склопи тим од четворица, аплицирај на ова ad hoc издание на EBEC, презентирај го вашиот уред и победи!

Пријавете го вашиот тим на следниов линк.

Медиумска работилница

Традиционално и оваа година на “Станица: Студентска 4.0.„, Радио МОФ спроведува работилница за студенти-новинари. На работилницата, учесниците ќе творат содржини за студентски тематики, ќе прават интервјуа со претставниците на студентските организации, и останатите претставници на академската заедница, и ќе создаваат текстови кои подоцна ќе бидат објавени на официјалниот сајт на “Станица: Студентска 4.0.„. Студентите ќе бидат менторирани од новинар од Радио МОФ. Учеството е бесплатно, а студентите не мора да имаат претходно искуство во пишување објави и новинарски натписи.

Пријавувањето е на следниов линк.


Станица:Студентска е настан кој има за цел промовирање на активностите на студентите, студентските организации и студентските иницијативи, како и унапредување на младинското здружување и дејствување. Настанот е можност за студентите да ги споделат своите знаења со своите колеги и да го зголемат своето познавање во различни области. Исто, студентите ќе можат директно да се запознаат со студентските организации, како и да се зачленат во некоја организација.

Покрај работилниците, посетителите ќе можат да проследат десетина предавања, изложба за јавни набавки на УКИМ, изложба со фотографии од студентски протести и иницијативи, како и голем саем на студентски организации.

Целосната програма на настанот може да ја погледнете на:
www.radiomof.mk/stanicastudentska

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Конкурси