X
 08.04.2016 Образование

ФИНКИ организира тридневна работилница за веб дизајн наменета за средношколци



Денес во 17:00 часот, во организација на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство (ФИНКИ), а поддржано од Град Скопје, започнува тридневна работилница за веб дизајн наменета за средношколци. Работилницата се одржува во просториите на ФИНКИ, каде што предавања и практични вежби ќе бидат одржани од професори и асистенти од факултетот. Целта е да се воведат учениците од средните училиште во Скопје во процесот на работата на веб дизајн започнувајќи со креативна идејна подготовка и голем акцент врз техничката реализација потоа.

На оваа обука ќе учествуваат средношколци од гимназиите во градот Скопје кои конкурирале на повикот објавен минатиот месец. Учесниците се во втора, трета или четврта година средно образование и се заинтересирани да добијат поголемо знаење во делот на веб дизајн и работа со HTML и CSS. Крајна цел е со стекнатите знаења средношколците да создадат веб сајт за Скопје или некој негов аспект. Во месеците кои следат учесниците на работилницата ќе работат на својот проект и ќе бидат менторирани од професорите на ФИНКИ. На крајот на процесот, најдобриот веб сајт од изготвените ќе биде претставен и парично награден на денот на отворањето на Фестивалот за Креативни Индустрии ,,Скопје Креатива” 2016.

Видео матерјалите од предавањата и работилниците ќе бидат достапни преку Интернет за сите заинтересирани средношколци од Македонија, а воедно ќе биде овозможен live streaming за учениците кои не се физички присутни.

Повеќе информации на ОВОЈ ЛИНК

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование