X
 01.02.2019 Наука

Завршена реставрацијата на гробницата на Тутанкамон

Реставрацијата на гробницата на славниот египетски фараон Тутанкамон по девет години официјално е завршена.

Работите, кои во изминатите девет години ги спроведуваше Институтот за конзервација Гети, имаа цел да ја намалат штетата, која настанува од прашина и микроорганизми, кои се создаваат поради влажноста што ја внесуваат туристите.

Речиси недопрената гробница на фараонот, кој владеел со Египет пред повеќе од 3000 години, во 1922 година ја откри Хауард Картер во Долината на кралевите во Лукосор.

Поради големото богатство пронајдено внатре, Тутанкамон се смета за симбол на слава во древниот Египет.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука