X
 01.03.2021 Живот

Почнува пописот за лица што се во странство. Може да се попишат електронски

Денеска почнува пописот на лицата што се наоѓаат во странство. Попишувањето во странство ќе трае од 1 до 15 март, а исто така од денеска е овозможено и самопопишување на македонските државјани што престојуваат во странство поради работа или други лични причини подолго од 12 месеци. Самопопишувањето на оваа категорија ќе трае од 1 до 21 април.

Доколку сте во странство, може да се попишете на овој ЛИНК.

Како што информираа директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, и министерот за надворешни работи, од 1 до 15 март ќе се попишуваат: вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и членовите на нивните семејства кои престојуваат со нив во странство; македонските државјани на работа во Обединетите нации и нејзините организации, претставништва или претставници на стопанските комори во странство, деловните единици во странство; воени претставници на Армијата во странство, граѓаните што се ангажирани врз основа на меѓународна, техничка и друга соработка, како и членовите на нивните семејства/домаќинствата што престојуваат во странство со наведените лица; сите лица – државјани на земјава кои по која било основа престојуваат во странство, без оглед на должината на нивниот престој.
Покрај овие категории чие попишување ќе се прави со логистика од МНР, во првата половина од март ќе се попишуваат лицата што се наоѓаат во притвор или на издржување казна затвор во затворите, казнено-поправните установи и воспитно-поправните домови, додека заедно со Министерството за труд и социјална политика ќе се попишат бездомниците.

Фото: Државен завод за статистика
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот