X
 08.09.2015 Образование

Најдобрите стипендии во светот

Учењето во странство често пати е скапа авантура. Школарината, сместувањето, трошоците за живот и многу други нешта прават да биде невозможно за голем број студенти дури и да сонуваат да стекнување на диплома во друга земја.

 

stipendii


Сепак, некои студенти се толку талентирани и имаат толку голем потенцијал, што бројни институции низ светот сакаат да инвестираат во овие млади луѓе и да им помогнат да ги исполнат своите соништа. Токму затоа тие ги создадоа стипендиите - за да го направат светот подобро место за студентите.

Ви нудиме листа на најдобрите стипендии во светот.

1. Eразмус+ (Европа)


Програмата Еразмус+ ја промовира меѓународната мобилност на студентите. Програмата била создадена од 7 постоечки спонзорства на ЕУ, а на студентите, професорите и институциите низ Европа им нуди 14.7 милијарди долари.

2. Ајфелова стипендиска програма за извонредност (Франција)

Оваа стипендија е наменета за меѓународни магистранти и кандидати за докторат кои сакаат да студираат во Франција. Програмата им дава на студентите месечен надоместок од 1.181 евра, како и враќање до нивната земја како и социјално осигурување.

 

1


3. Стипендии Чивнинг (Велика Британија)

Финансирани од страна на Канцеларијата за надворешни работи, овие стипендии се глобална програма за спонзорство на Велика Британија. 1.500 земји од квалификувани земји за Чивнинг, кои сакаат да студираат во Велика Британија можат да добијат покривање за школарина, месечен надоместок и враќање во сопствената земја, како и некои други грантови.

4. Постдипломски награди Ендевор (Австралија)

Оваа стипендија е за студенти кои сакаат да ги завршат магистерските студии или докторските студии во Австралија. Наградите им обезбедуваат на студентите целосна финансиска поддршка, вклучувајќи и школарина, надоместок за патување, месечен надоместок, како и патничко и здравствено осигурување.

 

12


5. Фулбрајт стипендии (Америка)


Фулбрајт странската студентска програма им овозможува на 4.000 меѓународни студенти целосна финансиска поддршка за нивните студии во Америка.

6. Гејтс милениум стипендии (Америка)

Спонзорирано од Фондацијата Гејтс, на Бил Гејтс, оваа стипендија ги покрива сите трошоци на 1.000 студенти, кадешто сакаат тие да студираат во Америка, стипендиите им плаќаат за школарина, сместување и храна.

7. Стипендии за студирање од Шведскиот Институт (Шведска)

550 странски студенти може да добијат стипендии од страна на Шведскиот институт доколку сакаат да добијат магистерска диплома во Шведска. Стипендијата им помага на студентите покривајќи ја целата школарина, трошоците за живеење, делумно патувањето и осигурување.

8. Стипендија светската банка и Јапонија (Глобално)

Таканаречената JJ/WBGSP стипендија е за студентите од земјите во развој кои сакаат да се стекнат со магистерска диплома во странство, и потоа да се вратат во нивната земја за да придонесат за нивниот развој. Стипендијата ја финансира школарината на студентите, сместувањето, здравственото осигурување, а исто така им дава месечен надоместок за покривање на трошоците за живот.

 

23


9. Грантови од ротари фондацијата за глобално студирање (Глобално)

Фондацијата Ротари има една главна цел: глобална мобилност. Оваа стипендија е наменета за секој студент што сака да студира надвор од својата земја. Стипендиите започнуваат од 30.000 долари и ги покриваат сите академски и патнички трошоци, вклучувајќи школарина, сместување и храна, материјали и јазични курсеви.

10. „Uniplaces“ стипендии (Глобално)

Оваа стипендија е финансирана од „Uniplaces“ и ESN (Erasmus Student Network). Без разлика на тоа од каде доаѓаат студентите, и без разлика на тоа каде сакаат да студираат, стипендијата покрива трошоци за сместување на 10 студенти, целиот семестар.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование