X
 01.04.2019 Живот

Свирепо убиство на мечка и мечиња додека биле во зимски сон

При истражување на животот на мечките во дивината била поставена камера со која било снимено свирепо убиство на црна мечка и нејзините мечиња, кои биле во зимски сон, на Алјаска.

На снимката може да се видат таткото Ендрју Ренер и неговиот син Овен како на скии ѝ приоѓаат на мечката на островот Естер и пукаат во неа додека малите преплашено пискаат.

Убиството се случило минатата година, а властите од Алјаска го објавиле видеото на барање на организацијата „Хјуман сосајети“.

Откако ја извлекле убиената мечка, таткото и синот го славеа својот „успех“.

- Никогаш нема да можат да го поврзат ова со нас - вели едниот од нив.

Синот потоа се фотографирал со убиената мечка.

На снимката може да се види како таткото и синот по два дена се враќаат на местото на злосторството за да ги соберат чаурите и телата на мечињата.

Убивањето мечки со мали мечиња е противзаконско на тоа подрачје. Ендрју е осуден на пет месеци условно и парична казна од 20 илјади долари. Исто така, запленети му се оружјето, скиите и возилото што го користел. Овен е осуден условно на затворска казна и на добротворна работа. На двајцата им се одземени дозволите за лов, на 10 и на 2 години.

Од „Хјуман сосајети“ предупредија дека ваквата бруталност наскоро би можела да стане нормална појава на Алјаска бидејќи, како што велат оттаму, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп сакала да ја намали заштитата на дивите животни во националните резервати на Алјаска.


Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот