X
 01.05.2021 Здравје

Работи што треба да продолжите да ги правите и откако ќе примите две дози од вакцината

Во вторникот американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) објави ажурирани упатства за целосно вакцинираните Американци, велејќи дека оние што примиле две дози можат да ги извадат своите маски кога извршуваат рекреативни активности надвор.

ЦДЦ изјави дека луѓето можат да не носат маски кога шетаат или џогираат на отворено или кога поминуваат време со други вакцинирани лица. Но, вакцинираните луѓе и понатаму треба да носат маски во метеж и кога се во затворени простори.

Но, ЦДЦ не ја укинува маската во секое сценарио и не препорачува непочитување на протоколите за јавно здравје. Еве што ЦДЦ советува да продолжат да прават целосно вакцинираните лица.

- Да носат маска во јавни затворени простории;
- Да носат маска кога се на затворено и околу невакцинирани луѓе кои имаат висок ризик за тешка клиничка слика;
- Носење маски кога се дружат со невакцинирани лица од други домаќинства;
- Избегнување големи затворени јавни собири;
- Тестирање доколку имаат симптоми на ковид-19;
- Следење на здравствените протоколи;
- Следење на препораките и протоколите на институтите за јавно здравје;

ЦДЦ даде насоки и совети за тоа што можат да прават целосно вакцинираните луѓе: учество во активности на отворено и рекреација без маски, освен на одредени места и места каде што има многу луѓе.

Извор: Desert.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје