X
 18.01.2017 Здравје

Која е причината за речиси секој срцев удар?

Депресијата за срцето е еднакво опасна како дебелината и високиот крвен притисок, вели новото германско истражување.

Податоците од ова истражување потврдуваат дека депресијата предизвикува 15 отсто од застојот на срцето, прекумерната тежина предизвикува 21 отсто и високиот крвен притисок 8,4 отсто од срцевите удари.

Експертите истакнуваат дека овој податок е од витално значење бидејќи депресијата погодува 350 милиони луѓе ширум светот, според СЗО.

Авторот на истражувањето, професорот Карл-Хајнц Лудвиг од Техничкиоте универзитет во Минхен, вели дека не постои сомнеж дека депресијата е ризичен фактор за кардиоваскуларните болести меѓутоа со неа се поврзани и другите фактори како што се пушењето, високиот холестерол, дебелината и хипертензијата.

Истражувањето во период од 10 години, следело околу 3.500 машки пациенти од 45 до 74 години. Во текот на истражувањето починале повеќе од 500 луѓе, половина од срцеви болести. Депресијата била причинител во 15 отсто од смртните случаи.

Авторите на истражувањето велат дека помеѓу сите главни и неприродни фактори за ризик од срцево заболување, депресијата има средно силно влијание.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје