X
 05.11.2018 Здравје

Докторите во Канада ќе почнат да им препишуваат посета на музеи на пациентите


Докторите во Канада наскоро, во рамките на пилот-проект, ќе почнат на пациентите да им препишуваат посета на музеите како дополнителна терапија.

Здружението на доктори франкофони во Канада и Музејот за применета уметност во Монтреал започнале пилот-проект за на пациентите што боледуваат од различни физички и ментални болести да им ги овозможат благотворните дејства на уметноста преку бесплатна посета на музеите.

Ако докторите во текот на прегледувањето заклучат дека на пациентот му е потребна посета во музеј, тогаш ќе му дадат рецепт за бесплатно да може да посети музеј. Претставничката на монтреалскиот музеј, Никол Паран, рече дека уметноста може позитивно да влијае врз здравјето. Според неа, набљудувањето на уметничките дела може позитивно да влијае врз когнитивните способности на пациентот и би можело да има смирувачки ефекти во лекувањето на депресијата, стресот и анксиозноста.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје