X
 01.07.2025 Образование

Македонските математичари освоија два сребрени и шест бронзени медали на ЈБМО

На 29. Јуниорска балканска математичка олимпијада, која се одржа од во периодот од 24 до 29 јуни 2025 година во Струга, македонските тимови освоија два сребрени и шест бронзени медали, соопштија од Природно-математичкиот факултет. Македонија имаше два тима, па првиот успеа да освои два сребрени и три бронзени медали, додека вториот успеа да се закити со три бронзени медали.

Сребрени медали освоија Дијар Адеми и Владимир Грчев, а бронзени: Ана Митевска, Валентино Атанасоски, Никола Зорески, Филип Хаџи-Велков, Деа Ивановска и Калина Грашкоска.

Лидери на двата тима беа Петар Филиповски и Христина Митреска, а подготовките беа реализирани од страна на Петар Филиповски, Христина Митреска, м-р Илија Јовчески и проф. д-р Мирко Петрушевски.

-Гледано според бројот и вредноста на освоените медали, првиот тим го постигна еден од најуспешните резултати во последните 20 години - истакнуваат од ПМФ.

Фото: ПМФ
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование