X
 01.08.2018 Образование

Студенти го создадоа проектот „Елемент за зачини“ кој може да се примени во хотелите и рестораните

Студенти од Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер и од Архитектонскиот факултет од Скопје заеднички создадоа проект и прототип на елемент во кој ќе се одгледуваат зачини и кој ќе може да се користи во хотели, ресторани или кафулиња (т.н. хорека-сектор). Еднонеделната работилница се одржа во „Јавна соба“, каде што студентите заеднички смислија проект и прототип на елемент за услугите во оваа дејност.


На работилницата учествуваа: Бисера Саздовска, Ива Савиќ, Емилија Ѓорѓеска, Сандра Трајковска, Петар Буневски од Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер; Сара Алаѓозовска, Елена Настеска, Елена Невеновска од Архитектура. Координатори и соработници на проектот се: Александар Велиновски, професорите Бојан Каранаков и Владимир Каранаков, Лаурент и Роби од Millimeter secondе од Канада.
- Изработка на вертикална мобилна градина за растење свежи зачини која ќе се користи во хорека-секторот во Скопје. Производот, по првото свое тестирање доколку се покаже успешен, ќе биде изработен во мали серии и понуден на овој сектор – велат координаторите на проектот.


Производот ќе биде претставен и на Skopje Design Week во ноември.
- Проектот почна од идеја и заврши со прототип, учесниците врвно го презентираа нивното знаење. Преку анализи и голем бреинсторминг, дојдоа до неколку решенија што ги преточија во финален производ. Дефиниција за дизајн е решавање проблеми со кои се соочуваме секојдневно. Големо браво за дизајнерите и за тие што се сетиле на ваков проект. Да го негуваме дизајнот, за да ни биде поубав животот – велат професорите.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование