X
 01.09.2023 Живот

„Црвениот телефон“ помеѓу САД и Русија веќе 60 години го одржува светскиот мир

Пред 60 години првпат била испратена порака меѓу светските велесили САД и СССР, преку кризна комуникациска врска позната како „црвен телефон“ иако не станува збор ниту за црвен ниту за телефон.

Испратена од Вашингтон до Москва на 30 август 1963 година, пораката повеќе била тестирање на секоја буква од англиската тастатура отколку решение за некое горливо прашање. Гласела: „Брзата кафена лисица скокнала преку грбот на мрзливото куче 1234567890“.

Оттогаш, познатата „жешка линија“ се користи во случаи на тензии или за испраќање предупредување меѓу Вашингтон и Москва, чии односи повторно се влошија поради руската инвазија на Украина.

Жешката линија станала реалност по Кубанската ракетна криза во 1962 година, кога тогашниот американски претседател Џон Ф. Кенеди и рускиот лидер Никита Хрушчов се согласиле дека светот е премногу блиску до нуклеарна војна.

Пентагон, кој управуваше со американските комуникации, често испраќаше тривијалности како бејзбол-резултати, додека Кремљ претпочиташе извадоци од класичната руска литература, раскажува Хауард Патрик, лингвист кој помогнал во управувањето со првата машина.

Тој рече дека било вистински шок кога „жешката линија“ првпат била пуштена во вистинска употреба со пораката од САД со која официјално бил информиран Советскиот Сојуз дека Кенеди бил убиен во Далас.

Дури во 2008 година линијата била заменета со безбедна врска како е-пошта.

Извор: Klix.ba
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот