Објавен е првиот трејлер за документарниот филм „Човек во бегство“ (англ.„Man on the Run“), посветен на животот и кариерата на Пол Макартни по распадот на легендарната група „Битлси“. Филмот ќе има премиера на „Прајм видео“ на 25 февруари 2026 година.
Насловот на документарецот е преземен од истоимената песна на бендот „Вингс“, кој Мекартни го формирал со сопругата Линда по турбулентниот крај на 60-тите години. Режисер на филмот е оскаровецот Морган Невил, кој носи интимен и емотивен поглед на Макартни и неговата потрага по нов музички идентитет во периодот по распадот на групата.
„Човек во бегство“ ги води гледачите на лично патување низ животот на Пол Макартни, прикажувајќи го создавањето на „Вингс“ и неговата уметничка трансформација. Филмот нуди пристап до досега необјавени снимки и редок архивски материјал, кои откриваат моменти од зад сцената и интимни детали од неговиот живот.
Извор:
24sedam.rs
Фото: Screenshot/YouTube