X
 23.03.2015 Култура

Interstellar првично немал среќен крај

interstellar 

Завршниот дел на Interstellar беше еден вид на хаос, „спакуван“ во одлична мистична псевдонаука. Меѓутоа овој крај бил идеја само на режисерот Кристофер Нолан; неговиот брат Џонатан Нолан (кој ја напишал скриптата на филмот и работел со неговиот брат на финалната верзија) имал појасна и потемна верзија.


Имено, на еден медиумски настан кадешто Џонатан Нолан заедно со советникот за наука и продуцентот Кип Трон го промовирале филмот, Џонатан добил прашање поврзано со крајот на филмот, на кое тој открил дека неговата оригинална скрипта содржела многу поинаков крај,

„Во мојот крај, мостот Ајнштајн-Росен доживува колапс кога Купер се обидува да ги испрати податоците назад. Со тоа нема „tesseract“, нема манипулација со времето и секако, нема враќање дома“, изјави Џонатан Нолан.

Од ова, може да се претпотави дека оригиналниот крај на филмот бил темен и непростлив како самата вселена, такашто ова би бил крајот на Купер. Тој би ги испратил податоците без да знае дали ќе стигнат на Земјата и дали тие би можеле да бидат искористени од луѓето. Исто така, не би имал средба со Марфи. Тој би бил херојот но не би знаел дека успеал и секако, не би имало ништо од тоа дека љубовта ги надминува димензиите на времето од просторот - верзија од филмот што сите би сакале да ја видиме. 
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура