X
 25.02.2016 Култура

Најуспешниот кинески филм на сите времиња

Кон крајот на минатата година и почетокот на оваа година бевме сведоци дека филмот „Star Wars: The Force Awakens“ ги собори сите можни филмски рекорди освен оној главниот - филм со најголема заработка во светот.

 

филм


Тактички, Кина е оставена како пазар на кој овој филм се прикажувал подоцна. Но, дека Кина повеќе ги сака домашните производи е очигледно од резултатите на филмското остварување „The Mermaid“ на Стивен Чао.

Од својата премиера на 8 февруари до денес филмот заработил повеќе од 382 милиони долари во кината, само во Кина со што станал најуспешниот филм на сите времиња.

Со тоа е соборен рекордот кој го држел кинескиот филм „Monster Hunt“ додека на трето место е холивудската продукција „Fast & Furious 7“.

Стивен Чао на публиката и` е познат по своите акциони комедии како „Shaolin Soccer” и „Kung Fu Hustle“. Приказната во „The Mermaid“ зборува за сирената која добила задача од својот народ, да го убие бизнисменот чија компанија го загадува морето и животната средина и со тоа го загрозува животот на сирените и другите морски суштества. Збрката настанува кога таа се заљубува во бизнисменот. 

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура