X
 01.12.2025 Живот

Во кои земји има најмногу шумска површина по глава на жител и на кое место е Македонија?

Шумите во светот не се еднакво распределени и земји како Канада и Русија имаат стотици милиони хектари шумско подрачје. 

На овој графикон е визуализирана шумската површина по глава на жител за секоја земја, нудејќи единствена перспектива за покриеноста на светот со дрвја. Додека просечна земја има само 0,5 хектари шумска област по лице, неколку имаат значително повеќе.

Податоците за визуализацијата се земени од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации. На неа е прикажана вкупната шумска површина на земјите во хектари, во комбинација со процените за бројноста на населението од годинава, па така е добиена процената на шумската површина по глава жител.


Фото: Visual Capitalist

Гвајана и Суринам се лидери на листата со повеќе од 22 хектари шума по лице. Тоа е поради големите дождовни шуми во овие земји, кои имаат релативно малобројно население (двете се со помалку од 1 милион жители).

Од регионот, највисокорангирана е Црна Гора, која се најде на 32. место со 1,3 хектари по глава на жител. По неа следува Бугарија со 0,6 хектари, колку што имаат и Босна и Херцеговина и Словенија, кои се следни на листата.

Исто толку има и Македонија, но е рангирана на 61. позиција.

Србија е на 65. место со 0,5 хектари по жител, колку што имаат и Хрватска, која се најде на 67., и Грција, која е на 70. позиција. Албанија ја зазеде 82. позиција со 0,3 хектари по жител.

Извор: Visual Capitalist
Фото: Freepik
Подготвил: Билјана Спиркоска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот