X
 11.03.2018 Живот

Сестрата е животна привилегија

Една студија во која учестувале 400 семејства, покажала дека лицата кои имаат сестра се посреќни, повеликодушни и позадоволни. Научниците заклучиле дека факторот „сестра“ е клучен за отстранување на стравот и депресијата, затоа што девојчињата се поотворени, потопли, помалку ги кријат емоциите, повеќе се грижат. Таа блискост подоцна се одразува на сите сфери од животот – на пријателството, партнерството, мајчинството.

Експертите тврдат дека односот меѓу сестрите е посебен и дека да се биде нечија сестра е вистинско богатство. Во детството главно сестрите се караат меѓусебно, но како што растат, сфаќаат дека нема поголем, поискрен и попосветен пријател од сосптвената сестра. Ривалството природно се заменува со чувството дека е животна привилегија да  имаш сестра, и да знаеш дека и самата го знае тоа, иако не го кажува на глас.

Ако разликата во возраста е мала, девојчињата начелно подобро се согласуваат, иако борбата за родителското внимание е сеприсутна, па закачките се вообичаени. Психотерапевтот Марија Вицковиќ вели дека родителите можат да придонесат за тоа, кога фаворизираат една од нив.

„Ова се разбира дека е погрешно и не е педагошки, но се случува. Родителите несвесно можат од своите ќерки да направат сопернички, затоа што ако постојано една од нив ставаат во преден план, другата ќе биде љубоморна, или ќе „формира“ комплекс на пониска вредност. Важно е кон обете да се постават на начин ниту едната да не помисли дека другата е поомилена, попаметна или подобра. Во спротивно, ризикуваат да ја загрозат нејзината самодоверба, а знаеме дека траумите од детството оставаат длабоки последици“, вели таа.

Експертите забележуваат дека детските несогласувања па и нетрпеливоста, исчезнуваат со текот на времето. Сестрите стануваат поблиски во текот на пубертетот, кога почнуваат првите симпатии, немирите и дилемите. Тогаш природно заземаат една страна, а на другата ги оставаат родителите и останатите авторитети. Стануваат борци за „иста работа“. Се покриваат една со друга, заеднички се бранат од родителските напади и забрани, станувајќи поткрепа една за друга. Доколку пак разликата во годините меѓу нив е поголема, повозрасната веќе го „расчистила“ патот за помладата и се изборила за слобода.

„Таа морала да го 'подметне својот грб' кај родителите, овозможувајќи ѝ на помладата сестра да добие 'сè на готово'. Меѓутоа, постарата сестра истовремено постојано чувствува одговорност за помладата, па почнува да се однесува како нејзина заштитничка, да проверува со кого се дружи, на кои места излегува, со кого се забавува, понекогаш да ја контрилира или авториритетно да ѝ сугерира некои работи“, објаснува Вицковиќ.

Златната доба почнува по 25-тата година, кога двете сестри веќе се формирани како личности, завршиле училиште, факултет, почнале да работат, формирале семејства, станале тетки. Иако сега секоја од нив има свој живот, тука се да се бодрат една со друга, да си помагаат, да ги споделуваат грижите и убавите работи. Знаат дека секогаш се достапни една за друга, и дека вратата на сестрата секогаш е отворена за другата.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот