X
 02.01.2023 Живот

Зошто јануари е најсмртоносен месец во годината?

Анализа покажува дека јануари е најсмртоносниот месец во годината. Анализата била направена со помош на податоци од Центарот за контрола и спречување на болести во САД.

Од 2010 до 2020 година, во САД во јануари умирале просечно 251.699 лица, повеќе од просекот за кој било од другите месеци. Во август просекот е најмал - 218.102 смртни случаи.

Зад ова може да се кријат повеќе фактори. Едно објаснување е дека симптомите на срцевите болести, кои се најчеста причина за смрт во САД, може да бидат поизразени на студеното време бидејќи срцето работи понапорно за да го затопли телото. Друг фактор може да биде полесната циркулација на вируси во затворени простори. Освен тоа, некои смртни случаи се поради труење со јаглероден моноксид од топлински уреди.

Во 2015 година професорот по социологија Дејвид Филипс изјавил дека негова анализа покажала дека Нова година е најсмртоносниот ден во годината. Една хипотеза е дека медицинскиот персонал е на одмор и ограничениот број на вработени во болниците придонесува за ова.

Освен тоа, луѓето што имаат здравствени проблеми чекаат за да бидат прегледани по празниците и во некои случаи тоа чекање е фатално.

Извор: Mental floss
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот