X
 02.04.2020 Здравје

Интернет-страница и апликации за сите информации за коронавирусот

Сите официјални информации поврзани со справувањето со коронавирусот во земјава отсега ќе се објавуваат на централна интернет-страница, соопштија денеска од Владата.

На новата владина страница koronavirus.gov.mk граѓаните ќе можат да се информираат за сите апели, совети, препораки и забрани со цел спречување на ширењето на вирусот, како и за медицински насоки во случај да почувствуваат симптоми, но и како да обезбедат психолошка поддршка во време на самоизолација.

-На страницата постои и секција за економските мерки, на која ќе бидат објавувани сите уредби за начините на искористување на мерките од страна на фирмите и работниците, со цел спасување на работните места во државата - истакнуваат од Владата.

Освен страницата, изработени се и мобилни апликации за андроид и iOS преку кои редовно ќе се испраќаат нотификации до граѓаните кои ќе си ги инсталираат, а се однесуваат на дневните апели на Владата за почитување на мерките, најави за прес-конференции, потсетувања за активните мерки и забрани и други информации во корист за граѓаните.

Владата отвори и страници на „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Твитер“, каде исто така можете на брз и едноставен начин да се информирате.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје