X
 02.04.2020 Живот

Најпопуларните митови за менаџирањето на времето

Менаџирањето на времето станува опсесија за многумина и, како и сите општествени феномени, се поврзува со одредени митови. Под менаџирање на времето се подразбира способност за планирање и контрола на времето со цел ефикасно завршување на сите обврски. Станува збор за балансирање на задачите со времето што е на располагање.

Кога мислиме на менаџирање на времето, најчесто мислиме на начинот на кој вработените прават баланс помеѓу нивните секојдневни обврски, но тоа е потребно и кога станува збор за слободното време. Ефикасното менаџирање на времето носи поволности, но честопати дури и експертите даваат погрешни совети на оваа тема. Затоа, многу студенти и професионалци  веруваат во следните митови за менаџирањето на времето.


Фото: Pixabay

Би биле попродуктивни ако имате добра агенда

Еден од најголемите митови е дека е потребна добра агенда за работниот ден. Но овој метод може да направи да се чувствувате обесхрабрени доколку не реализирате одредена активност што сте ја испланирале во агендата. Наместо ова, обидете се да имате реалистичен поглед на времето што ви е на располагање. Освен тоа, способноста за адаптација игра улога во ефикасното менаџирање на времето. Така лесно би можеле да се приспособите на неочекувани промени во работниот ден.

Добрите методи им одговараат на сите

Уште еден мит е дека методите што функционирале за многумина треба да бидат ефикасни и за вас. Но, некои луѓе сакаат да го започнат денот со најтешките обврски и тогаш се најпродуктивни, додека други се најактивни напладне. Затоа, покорисно е да експериментирате со повеќе методи и да го најдете оној што најмногу ви одговара, а не слепо да следите нечија техника.


Фото: Pixabay

Менаџирањето на времето треба да ви помогне да работите побрзо

Повеќето веруваат дека главната цел на успешното менаџирање на времето е да се завршат повеќе активности за помалку време. Но, тогаш постои можност да го жртвувате квалитетот на работата. Денешните професии го охрабруваат работењето на повеќе активности истовремено, но на тој начин може и да се намали продуктивноста. Менаџирањето на времето е комплицирано и може да претставува предизвик, па затоа не треба да чувствувате дека треба веднаш да бидете одлични во него. Но заборавањето на горните митови може да биде почеток.

Автор: Џон Хал
Извор: lifehack.org 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот