X
 19.07.2016 Култура

HBO го најави враќањето на "Game of thrones" следното лето

трон 

 

HBO официјално воведува големи промени во „Game of thrones“. 7-та сезона на популарната серија ќе се врати наредното лето, 2017 година - со што ја поместува вообичаената стратегија на серијата со која нејзината премиера е на пролет (обично април).

Исто така, мрежата потврдува дека за прв пат сезоната ќе има само 7 епизоди (од вообичаените 10). Дополнително на ова, HBO додава дека следната сезона ќе се снима во Северна Ирска, Шпанија и Исланд. Поминаа неколку години откако тимот на серијата го искористи Исланд за значајни снимања како што беше снимањето на сцените Северно од Ѕидот кога Џон Сноу се најде во кампот на Дивјаците.

Сега, кога дојде зимата, извршните продуценти Дејвид Бениоф и Д.Б Вајс сметаат дека следната сезона би било добро да се емитува малку подоцна од вообичаеното, кога се менува времето. „Наместо пролетното деби на сезоната, се преселуваме в лето за да се приспособи распоредот за снимање“, велат од HBO.

„Започнуваме подоцна бидејќи на крајот на последната сезона, „зимата дојде“ - и тоа значи дека сончевото време нема да ни служи. Затоа поместивме се', да можеме да го искористиме сивото време дури и на посончевите места на кои снимаме“, изјавија Бениоф и Вајс.

Исто така, продуцентите велат дека сакаат да ја снимат серијата со 7 епизоди, и уште 6 епизоди во последната 8-ма сезона. HBO се'уште нема потврдено ништо за 8-та сезона, такашто тој дел се'уште не е официјален.

6-та сезона на „Game of thrones“ го сруши рејтингот, со што епизодите беа гледани од повеќе од 23 милиони гледачи, вклучувајќи го и стримингот. Серијата исто така е номинирана за 23 Еми награди, повеќе од било која серија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура