Серијата „Плурибус“ има силно педигре – предводена е од креаторот на „Да станеш лош“ и „Подобро јави му се на Сал“, Винс Гилиган, кој исто така има историја во жанрот научна фантастика бидејќи работел и на серијата „Досиеја X“. Тоа е шоу кое бара голема доверба од гледачите, со чуден концепт, бавно темпо и многу мистерии.
Серијата ја следи жената по име Керол (Рија Сихорн), која е една од ретките луѓе на Земјата што се незасегнати од чумата на заразна среќа што целосно ја променила планетата.
Се работи за малку постапокалиптична приказна, а сижето за „Плурибус“ од самиот старт е многу таинствено. Основната премиса - очајна жена е заглавена во свет каде што сите се среќни - е позната уште од почетокот, но неколкуте трејлери всушност не откриваат многу други податоци за серијата. Керол е успешна писателка на фантастични романи и ги мрази и својата работа и својата публика. Таа сака да направи нешто позначајно, но парите што ги заработува од своите книги ѝ го отежнуваат тој процес. И покрај тоа што е богата и успешна, и има грижлива партнерка која е и нејзина многу способна менаџерка (Миријам Шор), Керол е претежно несреќна, иако во голема мера е способна да се преправа.
Првите две епизоди премиерно беа прикажани на „Епл ТВ“.
Се работи за приказна каде што зачувувањето на чувството на изненадување е многу важно. Но, „Плурибус“ е исто така серија која бара подлабока дискусија, што е една од целите на креаторот Винс Гилиган. Погледнете еден од трејлерите подолу.
Извор: theverge.com
Фото: YouTube screenshot