X
 02.05.2025 Живот

Финска воведува ограничувања за користење мобилни телефони во училиштата

Финскиот парламент усвои закон со кој се ограничува користењето на мобилни телефони и други електронски уреди за време на наставниот ден во основните и средните училишта. Целта на новите правила, кои ќе стапат на сила од следната учебна година во август, е да ја подобрат благосостојбата на учениците и квалитетот на наставната средина.

Законот не предвидува целосна забрана за мобилните уреди во училиштата, туку му ја дава можноста на наставниот кадар сам да одлучува дали ќе дозволи или ќе забрани користење телефони за време на часот.

- Мислам дека е добро што конечно ќе има единствени правила за сите училишта, бидејќи досега имаше доста разлики. Во шведските училишта во Финска, вакви правила веќе постоеја, но на ниво на целата држава ова е позитивен чекор - изјави Тони Бјорк, директор на гимназијата „Матлиден“.

Учениците ќе можат да користат телефони само со дозвола од наставникот, на пример, ако им се потребни за наставни активности или поради лични здравствени причини.

- Треба да се фокусираме на часот, а мобилниот во џебот може да ни го одвлече вниманието. Но, мислам дека за време на одморите треба да ни биде дозволено да ги користиме - вели ден фински ученик изјави:

Сепак, дел од учениците сметаат дека законот е непотребен и дека не на сите им го одвлекуваат вниманието телефоните, па затоа нема причина да се воведува забрана.

- Го разбирам, но сепак ми делува малку непотребно. Се прашувам, дали не ни веруваат? Зарем мора да го ограничат целосно? - вели друг ученик.

Новата регулатива им овозможува и на наставниците и училишниот персонал да ги конфискуваат уредите ако учениците со нив предизвикуваат пречки во наставата.

И покрај овие ограничувања, финскиот министер за образование Андерс Адлеркроц увери дека дигиталните вештини на учениците и понатаму ќе се негуваат и развиваат.

Извор: Euronews.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот