Познавам луѓе кои дипломирале на 21 година, но не добиле работа до нивната 27-ма година. Знам луѓе кои дипломирале подоцна, на 25 години, но веднаш пронашле работа.
Познавам луѓе кои никогаш не се запишале на факултет, но го пронашле она што го сакале на 18 години. Познавам луѓе кои пронашле работа веднаш после факултет, и заработувале добро, но го мразеле она што го работат. Познавам луѓе кои направиле пауза од факултетот и ја пронашле нивната цел.
Познавам луѓе кои биле сигурни за она што ќе го работат уште на 16 години, но го промениле размислувањето на 26 години.
Познавам луѓе кои имаат деца, но се слободни и познавам луѓе кои се во брак, но морале да чекаат 8 до 10 години за да имаат деца. Познавам луѓе кои се во врска, но сакаат друг. Познавам луѓе кои се сакаат, но не се заедно.
Целта е дека сѐ во живот се случува според нашето време, нашиот часовник.
Кога ќе ги погледнете вашите пријатели помислувате дека се пред вас, а можеби некои од нив ќе помислат дека сте позади, но сѐ се случува според нашето темпо. Тие си имаат сопствено време и сопствен часовник, а си имате и вие. Бидете трпеливи.
-На 25-годишна возраст, Марк Кјубан бил шанкер во Далас.
-На 32-годишна возраст на Џ.К.Ролинг ѝ била објавена книгата „Хари Потер“ откако била одбиена од 12 издавачи.
-Амансио Ортега ја лансирал „Зара“ на 39-годишна возраст.
-Џек Ма ја основал „Алибаба“ кога имал 35 години.
-Морган Фриман ја добил вистинската шанса за да го покаже талентот на 52 години.
-Стив Карел ја добил вистинската шанса на 40 години.
-„Вирџин“ била основана од Ричард Бренсон на 34 години.
Дипломирањето на 25 години сѐ уште е достигнување.
Тоа што не сте во брак на 30 години и понатаму е среќа. Основањето на семејство после 35-та година и понатаму е возможно, а купувањето на куќа после 40 години и понатаму е одлично. Не дозволувајте никој да ве брза. Бидејќи, како што рекол Ајнштајн: „Не сѐ што се брои може да биде изброено, и не сѐ што е изброено навистина се брои“.
Ова е најважното нешто. Треба да бидете способни да создадете значаен, исполнет живот за себеси и да научите како да влијаете и да направите разлика во животот на другите.
Тоа ќе биде вистински успех.