X
 02.06.2020 Живот

Поради пандемијата, во ресторан во Холандија келнерите се заменети со роботи

Ресторан во Холандија воведе келнери-роботи за да се намали контактот човек-човек поради пандемијата на коронавирусот. Црвено-белите роботи ги поздравуваат клиентите, служат храна и ги собираат чиниите од масите во ресторанот „Ројал палас“, кој се наоѓа во градот Ренесе.

Роботите можат да кажат: „Здраво“ и „Добре дојде“.

- Многу ни помагаат. Честопати сме зафатени чистејќи ги масите, а роботите ни помагаат со сето тоа. Не исчезнуваме. И понатаму сме тука. Секогаш ќе бидат потребни луѓе во оваа индустрија - вели Леа Ху, чие семејство е сопственик на „Ројал палас“.

Во Холандија рестораните беа затворени со месеци поради пандемијата. Сега полека почнуваат да се отвораат, но со ограничување на бројот на гости.

Овие неколку месеци беа прилично тешки за индустријата за услуги за храна, а рестораните изгубија околу 5,5 милиони работни места само во април.


Извор: The Verge
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот