X
 13.01.2022 Живот

Во овој ресторан ќе бидете казнети ако не изедете сѐ што е во вашата чинија

Дали клиентот е секогаш во право? Ако платив, дали јас одлучувам? Овие пароли не важат во јапонскиот ресторан „Хачикио“, а кога ќе ја слушнете причината, можеби и ќе се согласите.

Откако сфатија дека изјавата „Некои децата умираат од глад во Африка“ не дејствува толку ефикасно во борбата против фрлањето на храната, овој ресторан одлучи да удри онаму каде што навистина боли, по џебот. И навистина, овде ќе добиете казна за секој залак што ќе го оставите во чинијата.

И не можете да кажете дека не сте предупредени.

Причината лежи во одличната поврзаност на ресторанот со локалните рибари. Дури и начинот на кој се служи храната е прилично филмски. Додека келнерите ја носат храната и ја служат, тие извикуваат морнарски песни, а ги пеат и гостите, доколку ги знаат песните.

Сопственикот на ресторанот, Хитоши Сугита, објасни дека наплатата на казни за фрлање храна произлегува од желбата да се подигне свеста кај клиентите за опасностите и важноста на риболовот.

Затоа треба да бидеме посвесни за важноста на храната што ја имаме пред нас, но и да бидеме свесни за проблемот со фрлањето на храната.

Еден од најголемите специјалитети на овој ресторан е кавијарот од лосос во соја-сос со ориз - порцијата што ја добивате навистина вреди, но од вас се очекува да имате почит и да ја испразните чинијата.

На овој начин сопственикот се обидува да нагласи дека поентата не е во остварувањето профит, туку во мотивирањето на клиентите да ја ценат храната и да ги почитуваат оние што работат во тешки услови за да го овозможат тој оброк.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот