X
 30.05.2019 Живот

Поради штрајк, тунел во Амстердам претворен во автопат за велосипедисти

Холандија се соочува со штрајк низ целата земја, поради што не работат возовите, автобусите, фериботите и трамваите. Како одговор на тоа, градските власти во Амстердам станаа креативни, отворајќи го за велосипедисти тунелот што претходно бил само за автомобили.

Станува збор за тунелот „IJ“, подземен пат што го поврзува централниот дел на Амстердам со северниот крај на градот. Со двете ленти што одат во двете насоки, автопатот има ограничена брзина од 50 километри на час и обично служи само за автомобили што сакаат да го поминат водниот пат „IJ“ што поминува низ градот.

Но, бидејќи фериботите не функционираа, официјалните претставници го затворија тунелот за автомобилите и го претворија во ефикасен и тивок автопат за велосипедистите (пешаците сè уште не смеат да го користат тунелот).

Работниците штрајкуваат поради борбата за пензиите за холандските работници низ индустриите, како и барање да се замрзне пензиската старост на 66 години и да се зголемат пензиите заедно со инфлацијата.

Холандија има една од највисоките стапки на користење велосипеди во светот: велосипедизмот изнесувал 27 отсто од сите патувања на работа во 2016 година. Во Амстердам овој број е 48 отсто, во споредба со 21 отсто за автомобилите и 17 отсто за јавниот превоз.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот