X
 02.07.2017 Забава

Колку кафе испиле „Пријателите“ во текот на серијата?

Милион гледачи кон крајот на 90-те и почетокот на 2000 година нетрпеливо ја очекуваа секоја нова епизода на „Friends“. Моника, Рос, Чендлер, Фиби, Рејчел и Џои ги гледавме како се расправаат, сакаат, забавуваат, дружат но и поминуваат време во „Централ Перк“.

Скоро ниту една епизода не можеше да помине без пиење кафе, па еден корисник од социјалнaта мрежа Твитер направи математика и откри колку шолји кафе биле испиени во текот на серијата.

Според податоците до кои дојде, најголемиот љубител на кафе е Фиби со 227 испиени шолји во период од 236 епизоди, додека најмалку кафе испила Рејчел (138 шолји) и покрај тоа што еден период беше келнерка.

Веднаш позади Фиби е Чендлер, а потоа Моника, Џои и на крајот Рос. Најмногу кафе било испиено во четвртата, петтата и шестата сезона. За кафе биле потрешни повеќе од 2.000 долари, 208 долари по сезона.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава