X
 02.07.2019 Технологија

40 години од создавањето на вокменот

Пред точно 40 години, на денешен ден, настана вокменот – претходник на дискменот и на смартфон музичката плеј-листа.

Концептот е сличен – слушање музика со слушалки при прошетка, само што слушалките беа малку поголеми и со сунѓер околу нив… И уредот работи на аудиокасети. Тоа беше хит-тренд на генерациите што пораснаа во 80-тите и 90-тите.

Кога се појави првиот модел ТПС-Л2, првата генерација на вокмен стерео-уредите, се мислеше оти тие никогаш нема да добијат функција за снимање. Но, овој тогаш револуционерен уред, благодарение и на тој новитет, постигна огромен успех влијаејќи врз новите стилови на живот кои за бргу станаа популарни низ светот, а слушањето музика на секој чекор стана секојдневие.

Со овозможувањето младите да уживаат во висококвалитетен звук на музиката, каде и да се, вокменот стана симбол на компанијата „Сони“.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија