X
 05.11.2025 Живот

Милениумци, покријте ги ушите: генерацијата З никогаш не слушнала за жолтиот печат, ниту за вокмен

Милениумците ќе се шокираат кога ќе дознаат дека три четвртини од генерацијата З никогаш не слушнале за интернет со дијалап, а 60 отсто немаат поим што е жолт печат.

Околу 74 отсто од младите никогаш не го искусиле оној хаотичен концерт на пискање и крцкање што беше неопходен за поврзување на интернет, покажува ново истражување. И речиси две третини од нив не знаат за аналогното задоволство од барање број во култниот телефонски именик, кој престана да се издава во 2019 година, по повеќе од пет децении. Ова непознавање се јавува и покрај фактот дека дел од генерацијата З, родени од 1997 до 2012 година, всушност се родени во 90-тите.

Уште еден култен симбол од таа ера е вокменот, кој конечно им овозможи на љубителите на музика да ги слушаат омилените хитови во движење. Но, само 41 отсто од младите го препознаваат касетофонот, иако други ретро аудиоформати, како винилните плочи, во последниве години повторно се во мода. Во меѓувреме, само 17 отсто успеале да го препознаат телетекстот - телевизиски сервис познат по своите шарени, коцкести фонтови.

Во првите десет работи од 90-тите што денешните млади не ги препознаваат се вклучени и телевизори со своите големи тела и дебели стаклени екрани. Неверојатно е и што не знаеле што се хартиени автобуски карти со магнетна лента или цеде-енциклопедии со нивните дигитализирани факти и податоци.

Печатените А4-водичи за маршрути исчезнале уште кога тие се родиле, исто како и радоста од менување статус на „Ем-ес-ен месинџер“.

Околу 47 отсто од луѓето посакуваат повеќе комуникација лице в лице, за која веруваат дека тогаш била почеста. Всушност, речиси половина (49 отсто) од младите отишле толку далеку што рекле дека би сакале да живеат во деведесеттите, а не денес.

- Постои причина зошто 90-тите беа толку одлични. Тоа беше деценија на храбри вкусови и незаборавни ТВ и филмски ликови кои и денес се обожаваат. Сè имаше посебна доза возбудување и едноставност, која денес тешко може да се повтори - велат истражувачите што го спровеле истражувањето.

Но, и покрај носталгијата на генерацијата З кон 90-тите како „време на поголема поврзаност“, се чини дека денешната млада генерација во тоа не блеска. Клиентите денес се лути на младите работници во услужните дејности бидејќи одбиваат да ги поздрават или да разговараат со нив додека ги услужуваат.

Припадниците на генерацијата З, кои моментално се на возраст од 13 до 28 години, не знаат како да разговараат во продавници, ресторани и кафулиња.

Наместо тоа, тие само гледаат во лицето и чекаат некој да почне да им зборува или целосно го игнорираат она што им се кажува. Милениумците, генерацијата х и бејби-бумерите се согласуваат во едно: помладата генерација има катастрофално слаби социјални вештини.

Извор: Bizlife.rs
Фото: Unsplash
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот