Туристите во Грција не треба да се грижат дека ова лето ќе ги пречекаат „надуени“ цени на основните прехранбени производи.
Грчкиот министер за развој Такис Теодорикакос најави замрзнување на цените во супермаркетите во текот на двата летни месеци, заедно со план за значително намалување на цените кој ќе започне од почетокот на септември.
- Крајот на војната на Блискиот Исток доведува до нормализација на цените на нафтата и, следствено, до намалување на меѓународните инфлаторни притисоци што се наталожија во изминатите месеци. На состанокот со претставниците на индустријата и на супермаркетите постигнат е договор за потребата ова ублажување да се одрази, во прва фаза, врз цените на производите во текот на двата летни месеци, со целосна стабилизација на цените и без никакви нови зголемувања - изјави Теодорикакос.
- Би требало да напоменам дека ова се однесува и на 2.000 шифри на производи кои забележаа намалување на цените од 6 отсто во последните неколку месеци, како резултат на строгата примена на мерката за ограничување на профитот што ја воведовме како итна мерка. Бизнис-заедницата се обврза да ги задржи тие намалувања во текот на летните месеци за тие 2.000 шифри - додаде тој.
Исто така, најави и нешто што го опиша како „национален општествен договор“ кој ќе биде активиран наесен како поддршка за просечното грчко домаќинство - значително намалување на цените на основните производи за широка потрошувачка.
Извор:
Nova.rs
Фото: Magnific