X
 02.08.2018 Наука

Научниците велат дека Марс не може да се оспособи за живот, Илон Маск упорно тврди дека може

Студија спонзорирана од страна на НАСА покажа дека не е можно Марс да се трансформира за да личи на Земјата и луѓето да можат да живеат таму со користење на денешната технологија.

Марс има супер тенка атмосфера и ако некој човек без заштита се најде на површината на оаа планета, тој брзо ќе умре. Тоа воглавно би се случило затоа што нема доволно голем атмосферски притисок за да го спречи прскањето на човековите органи надвор од телото, а ако поживеете малку подолго, би можеле да се задушите од недостаток од кислород, да се смрзнете од ниските температури или да бидете испржени од прејаките ултравиолетови зраци.

Студијата разгледува колку би било тешко да се зголеми атмосферскиот притисок на Црвената планета доволно за луѓето да можат да одат на површината на Марс без костим и без апарати за дишење.

Еден предложен план за зголемување на атмосферскиот притисок е да се ослободи јаглерод диоксидот заробен во површината на Марс. Во 2015 година Илон Маск предложи реализација на овој план со фрлање на нуклеарно оружје на половите на планетата.

Според новата студија, едноставно нема доволно јаглерод диоксид на планетата за да се зголеми атмосферскиот притисок до ниво кое би било оптимално за да може човекот да живее таму. Во најдобар случај, тие велат дека можеме да го зголемиме атмосферскиот притисок на Марс од шест на седум отсто од оној на Земјата. Тоа не е баш дволно за задржување на вашите органи внатре.

Истражувачите дојдоа до овој заклучок повикувајќи се на 20-годишно набљудување на Марс, но тоа не е доволно да го разубеди Маск. Тој се уште тврди дека во почвата на Марс има голема количина на јаглерод диоксид која може да се ослободи со загревање. Сепак, Илон не истакна со кои истражувања може да ги поткрепи своите тврдења.

Како и да е, како што се наведува во извештајот од НАСА, ние денес немаме технологија со која би било можно некоја планета да се оспособи за живеење. Тоа не значи дека и во иднина ќе немаме. Маск не планира да прати луѓе на Марс до 2024 година, а многу нешта може да се променат за шест години.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука