X
 02.10.2019 Живот

САД му вратија уште 1.800 древни артефакти на Иран

Иранската влада денеска соопшти дека околу 1.800 древни наоди, позајмени пред 80 години на американскиот Универзитет на Чикаго, се вратени во Иран.

Иран му позајми неколку илјади антички предмети на универзитетот пред повеќе од 80 години заради проучување и каталогизација. Тие беа откриени од страна на американските истражувачи во древниот град Персеполис во 30-тите години на 20 век.

Предметите беа вратени во Иран од двајца професори од универзитетот.

Ова е четврта група предмети вратени во Иран од 2004 година досега, а остануваат уште околу 17.000 наоди.

Инаку, Иран и САД официјално немаат дипломатски односи од 1979 година.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот