X
 03.01.2022 Живот

Музиката на Адел позитивно влијае врз мозокот, велат научниците

Најновиот албум на Адел, „30“, изминатата година се најде на врвот на светските топ-листи. Претходно, нејзината песна „Easy on me“ стана најслушана песна на „Спотифај“ за 24 часа. Научниците веруваат дека ја откриле психолошката основа на ваквиот успех.

Имено, според истражување спроведено во 2021 година, музиката ги продлабочува емоциите и когнитивните искуства, особено кај лица со поизразена емпатија. Затоа, слушањето емотивна музика како онаа на Адел може да ги смири и усреќи луѓето што ја слушаат.

Освен тоа, музиката на Адел најчесто е инспирирана од вистински искуства на пејачката, поради што луѓето ја чувствуваат искреноста и полесно им е да се поврзат со темата.


Според друго истражување од 2013 година, слушањето тажна музика, парадоксално, може да направи да се чувствуваме посреќни. Испитаниците што слушале тажни песни најчесто имале позитивни емоции, иако текстовите биле трагични. Затоа, тажната музика може да ни влијае катарзично.

Џон Слобода, професор по музичка психологија, објаснил дека музиката на Адел е привлечна и поради дисонантниот тон или нота која се судира со мелодијата. Според Слобода, таа нота создава тензичност која може да предизвика емоционална реакција.

Извор: Studentski
Фото: YouTube (Printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот