X
 03.02.2019 Живот

Атанас Георгиев до Владата и граѓаните: Ве молам, исчистете го воздухот во нашата земја, земјата со најзагаден воздух во светот

„Сакам да ја испратам оваа порака до македонските граѓани и Владата: Ве молам, исчистете го воздухот во нашата земја, најзагадената земја во светот, земјата со најзагаден воздух во светот. Ве молам, сторете го тоа.“

Оваа порака ја испрати Атанас Георгиев, продуцентот на „Медена земја“, кога тимот се појави на сцената на американскиот филмски фестивал „Санденс“ за да прими големата награда на жирито за најдобар документарен филм.

За да слушнете што кажа Атанас на сцената, превртете ја снимката на 1:30:00.



Инаку, „Медена земја“, односно „Honeyland“, филм во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска, освен големата награда на жирито (Grand Jury Prize) за најдобар документарен филм, го доби и специјалното признание од жирито за влијание за промена (Special Jury Award for Impact for Change), а на снимателите Фејми Даут и Самир Љума им беше врачена наградaта за најдобра кинематографија (Special Jury Award for Cinematography).

Прват во историјата на реномираната манифестација еден проект е награден со три признанија.

Церемонијата се одржа во саботата во Парк Сити, Јута, САД.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот