X
 16.12.2021 Технологија

„Спејс-екс“ ќе создава гориво за ракети од јаглероден диоксид

„Спејс-екс“ планира да прави гориво за ракети од воздухот. Главниот извршен директор на компанијата, Илон Маск, во објава на „Твитер“ открил дека компанијата почнува програма за користење на јаглероден диоксид од атмосферата за производство на гориво за ракети.

Процесот може да игра голема улога во идните мисии за живот на други планети, според Маск.



Денешните ракети на компанијата испуштаат големо количество на јаглероден диоксид при лансирањето. Новата техника би можела да овозможи собирање на илјадници тони јаглероден диоксид од воздухот за производство на гориво. Исланд неодамна започна да ја користи оваа техника, со која собира до 4.400 тони јаглероден диоксид од воздухот годишно.


Фото: Pixabay

Претходно годинава Маск ги повикал иноваторите да предложат технологии за отстранување на јаглеродниот диоксид од воздухот, најавувајќи парична награда од 100 милиони долари за најдобрата идеја.

Извор: Futurism 
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија