X
 03.02.2025 Технологија

Оваа функција штеди до 20 отсто од горивото

Додека производителите бараат начини да ги направат автомобилите што е можно поекономични, возачите се обидуваат да ја најдат совршената формула за штедливо возење. Во морето корисни функции во автомобилите, многу возачи занемаруваат една која може да ја намали потрошувачката на гориво и до 20 проценти.

Станува збор за темпоматот, кој помага во одржување константна брзина без да газите на педалите за гас или за кочење. Кога ќе ја постигне саканата брзина, возачот може да го активира темпоматот, рачно да ја намести брзината и да ужива во возењето, а потоа со едноставно притискање на педалите да го исклучи.

Идеално за возење на автопат

Сепак, темпоматот, освен контрола на брзината и удобно возење, крие уште една корисна функција, а тоа е намалување на потрошувачката на гориво. Тоа е резултат на истражување спроведено од страна на Министерството за природни ресурси на Канада, во кое биле споредени резултатите од возење со вклучен и исклучен темпомат. Главниот заклучок е дека темпоматот помага во штедењето гориво.

На тест направен на прав пат при брзина од 75 до 85 километри на час, автомобилот трошел и до 20 отсто повеќе бензин отколку кога темпоматот бил поставен на фиксни 80 километри на час. Во просек, возењето со темпомат резултирало со заштеда од 7 до 14 отсто.

Сепак, треба да се нагласи дека темпоматот е добар за штедење гориво само во одредени ситуации, како возење на рамен пат без метеж, а идеален е за на автопат. Тешко е да се заштеди со возење во град.

Извор: Jutarnji
Фото: Freepik
Подготвил: Билјана Спиркоска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија