X
 03.04.2023 Економија

Ова се најбогатите земји според БДП по жител

БДП по жител е честа мерка со која може да се види како стои економијата на една земја. Подолу се сортирани земјите според последните проекции на ММФ за БДП по лице за 2023 година.

Моментално оваа мерка на глобално ниво за 2023 година изнесува 13.920 долари, што е повеќе од ланските 13.400 долари и оние 11.160 долари во 2020 година, сето тоа номинално, не сметајќи ја инфлацијата.

На првото место е Луксембург, со 128.820 долари БДП по жител. Луксембург е една од најмалите земји во ЕУ и има само 634 илјади жители. Вредноста на БДП по жител на оваа земја е речиси 415 пати поголема од БДП-то на најсиромашната земја во светот - Бурунди, каде што БДП по жител е 303 долари.

Потоа следува Ирска со 106.998 долари, па Швајцарија со 94.835 долари, на четвртото место е Катар со 89.417 долари и на петтото Норвешка со 88.749 долари БДП по жител. Втората петорка ја сочинуваат Сингапур (84.501 долар), САД (78.422 долари), Исланд (77.961 долар), Австралија (68.024 долари) и Данска (66.394 долари).

Од регионот, највисоко БДП по жител има Словенија (30.841 долар), а по неа следуваат Грција (21.372 долари), Хрватска (18.452), Бугарија (13.221), Црна Гора (10.722), Србија (10.076), па потоа е Македонија со БДП по жител од 7.263 долари, па БиХ (7.082), Албанија (6.592) и Косово (5.560 долари).

Преостанатите најбогати земји можете да ги видите на сликата.

БДП по жител
За поголема резолуција, кликнете на сликата

Извор: Visual Capitalist
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија