X
 27.09.2026 Живот

За добитниците на „Инженерски прстен“ - Антонио Томески и Марија Симоновска, Мелани Цветковска со својот тим работи на сателит... Што пишувавме неделава

Антонио Томески, добитник на „Инженерски прстен“: „Сакам да работам на комплексни објекти со сложено машинство“

„Инженерот го претвора знаењето во практични решенија – создава конструкции, технологии и системи кои треба да бидат безбедни, функционални и корисни“, вели Антонио Томески од Градежниот факултет во Скопје по добивањето на наградата „Инженерски прстен“

Зошто генерацијата што планира сѐ не планира ризици?

„Тоа им се случува на другите“ е една од најчестите мисли со кои младите го доживуваат ризикот. Несреќа, болест, ненадеен трошок, изгубен багаж, прекин на работа... сето тоа постои, но некако секогаш му се случува на некој друг.

Мелани Цветковска е на мастер-студии на ЕПФЛ во Швајцарија и со својот тим работи на сателит што ќе биде испратен во вселената

Животот во странство ми отвори врата која ни една институција дома не би можела да ми ја отвори, од академска поддршка, допир со технологии што ние само сме ги читале низ книгите, до работна средина која се развива илјада пати побрзо од кој било процес во Македонија, вели Мелани

Марија Симоновска, добитничка на „Инженерски прстен“: „Земјоделството е област во која секој ден се учи нешто ново“

„Секогаш се стремам да го дадам најдоброто од себе“, вели Марија Симоновска од Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје по добивањето на наградата „Инженерски прстен“.

Издвојуваме

Живот