X
 03.07.2021 Живот

Секојдневни карактеристики што може да бидат знаци на психопатија

Се проценува дека околу 1% од светското население се психопати. Психопатите не чувствуваат емпатија или каење, глумат пред останатите и често манипулираат други лица за своја корист. Ова се карактеристиките на психопатите кои сите ги знаеме. Но различни истражувања покажале дека и некои други карактеристики може да бидат знаци на психопатија.

Студирале бизнис

Истражување спроведено во Данска во 2017 година покажало дека психопатите почесто се запишуваат на студии по бизнис. Во истражувањето, студентите што покажуваат знаци на нарцизам, макијавелизам и психопатија почесто студирале економија или бизнис отколку право или психологија.

Според истражувачите, желбата за моќ, статус и богатство, што најчесто ја имаат овие лица, ги поттикнува да одберат вакви студиски програми.

Не се прозеваат заедно со останатите

Една од теориите за „заразното“ прозевање е чувството на емпатија. Но, психопатите не сочувствуваат со другите луѓе и затоа не се прозеваат кога останатите го прават тоа. Ова го покажало истражување на студенти во Тексас спроведено во 2015 година.


Фото: Freepik

Ноќна птица се

Според мало истражување од 2013, луѓето со антисоцијални карактеристики почесто легнуваат подоцна. Истражувањето покажало дека лицата што легнуваат подоцна имаат повеќе карактеристики на нарцизам, макијавелизам и психопатија од оние што стануваат рано.

Креативни се

Во 2016, истражувачи од Филипините откриле дека одредени карактеристики со кои се одликуваат психопатите, како бестрашноста, се поврзани со оцени на тест за креативност. Според истражувањето, храброста да се преземаат ризици може да ви помогне да размислувате покреативно.

Се дружат со поранешните партнери

Психопатите се познати по манипулациите, а оваа карактеристика може да им помогне да ги задржат поранешните партнери во животот и по завршувањето на врската. Едно истражување од 2017 година покажало дека луѓето со психопатски карактеристики почесто се дружат со поранешните партнери од разни причини.

Меѓу другото, овие лица ги задржуваат поранешните партнери во животот за да ја имаат опцијата да им се вратат доколку посакаат или поради финансиската состојба на лицето. Експертот за нарцизам Тони Ферети изјавил дека нарцисите мразат да губат, па затоа ќе ја задржат врската доколку тие ја донеле одлуката за прекинување на врската.

Извор: Mental Floss
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот