Можете да ѝ се восхитувате, но само гледајќи. Без сончање, пешачење, земање песок.
Прошетката по италијанската Розова плажа, една од најпознатите во Европа, може да ви донесе парична казна. Имено, поради претеран туризам и „кражба“ на песок, локалните власти мораа да воведат забрана за посета. Стапнувањето на плажата чини 500 евра, а оние што ќе земат песок и ќе се обидат да го однесат дома, се соочуваат со висока казна до 3.500 евра.
Станува збор за плажа која многумина ја сметаат за една од најдобрите во светот, а се наоѓа на островот Будели, на околу 12 километри од западниот брег на Сардинија.
Дозволено е само капење
Иако можеби изгледа екстремно, забраната била клучна за враќање на природната розова нијанса на плажата по долгогодишно уништување. Имено, оваа плажа ја должи својата портокалово-розова нијанса на остатоците и лушпите на мртвите микроскопски организми.
Забраната за посета на оваа плажа постои над 30 години, но сега сериозно се спроведува. Туристите може да ја посетат оваа плажа само со брод и дозволено е да се капат во нејзина близина, а потоа да се вратат на бродот.
Извор:
Green
Насловна фотографија:
Instagram (printscreen)