X
 03.09.2019 Живот

Најмалку пет жртви на ураганот „Доријан“

Премиерот на Бахамите, Хуберт Минис, денеска изјави дека најмалку пет лица загинале на островите Абако од ударот на ураганот „Доријан“, кој во меѓувреме ослабна до категорија четири, но во следните денови и натаму ќе биде многу силен.

Минис кажа дека и жителите на блискиот остров Грејт Бахама се сериозно загрозени од ураганот.

- Спасувачките екипи ќе тргнат во акција штом временските услови ќе го дозволат тоа - додаде Минис.

Според него, многу куќи и згради се значително оштетени или уништени.

- Се наоѓаме среде историска трагедија - рече Минис, пренесоа американските медиуми.

Американскиот Центар за урагани наведува дека „Доријан“ е најсилниот ураган што некогаш ги погодил Бахамите.

Жителите сè уште се наоѓаат во засолништата, без струја, а американските медиуми јавија дека ураганот предизвикал огромна штета во некои делови на Бахамите каде што се уништени куќи и се поплавени цели населби.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот