X
 03.09.2019 Живот

Ода за шумата - Како шумите го обликуваат литературното наследство и инспирираат нации?

- Во бајките шумите се претставени како страшно место. Сигурно дека не сакате да ве фати волк или нешто слично - вели Тифани Френсис Бејкер од Шумската комисија во Британија.

Таа го споменува терминот „сам во шумата“, кој се заснова на нашиот основен страв да не се изгубиме во шумата. Изразот првпат бил забележан пред многу векови.

„Чукање во дрво“ и „допирање дрво“, на пример, потекнуваат од паганското верување дека лошите духови живеат во дрвото и ако го допрете, може да ги смирите.

1
Фото: Forestry Commission

Шумите играле важна улога во нашата културна имагинација - и историска и индустриска, вели авторката Тифани.
- Тие се испреплетени со нашиот британски идентитет, што навистина ми се допаѓа - додава таа.

Шумите ја поставиле сцената за некои литературни класици во Англија. За Шекспир, биле место и на магија и на закана. Неодамна писателите, на пр., Роберт Мекфарлејн, избираат нови патувања што ги поврзуваат луѓето со пејзажот.

За Тифани, шумите се место за размислување и инспирација. - Најдоброто нешто во врска со природата и шумите е дека тие постојано се менуваат. Така, тие се бесконечен циклус на инспирација.

Повикана од Шумската комисија за одбележување на стогодишнината за да ја раскаже приказната за шумите на нацијата, таа сака да напише литературна балада со пресврт, инспирирана од нејзината љубов кон романтичните поети и нивната поврзаност со природата.

- Сакав да раскажам приказна со шумата како протагонист за овие наративи, за луѓето да почнат да сфаќаат дека сите ние сме дел од природата и дека шумата и другиот свет и сите други видови имаат сосема исти емоции и животи како нас. Колку повеќе можеме да се осврнеме на тоа, толку подобро.

Се проценува дека шумите во Велика Британија се простираат на 3,17 милиони хектари, а шумското покритие на Англија сега е двојно поголемо од она што било во 1919 година. Во текот на изминатиот век Шумската комисија го зголемила покритието со дрвја за повеќе од 10 отсто.

- Шумите постојано се менуваат, општеството постојано се менува - се менува она што значат за нас шумите и за општеството. Денес се соочуваме со многу предизвици - климатски промени, штетници и болести, нашите шуми се под закана - и тие се поважни за благосостојбата на човекот, за инспирацијата и креативноста, многу повеќе од претходно.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот