Новата пролетна колекција на францускиот моден бренд „Кензо“ беше отворена со креации инспирирани од македонскиот документарен филм „Медена земја“.
Дизајнерот на „Кензо“, Фелипе Оливиера Баптиста, е посветен на зачувување на природата. Тој користи само пластика што се рециклира и работи на повеќе еколошки проекти, меѓу кои е и оној што има цел да го зголеми бројот на тигрите во светот.
Креации со пчеларски вел ја отворија неговата нова пролетна колекција за „Кензо“, која била инспирирана од „
Медена земја“. Како што објаснува Баптиста, сликата за пчеларка му се појавила за време на она што тој го смета за момент кога човештвото е во преговори со екосистемот.
- Сакав да претставам нешто за кревкоста на ситуацијата во која се наоѓаме. Секој се спушта на најниското ниво на ситуацијата - на ниво на страв и анксиозност - но се искачуваме високо сонувајќи за оптимизам и иднина и враќање на работите што ни недостигаат - вели тој за „Вог“.
Автор: Андерс Кристијан Медсен
Извор:
vogue.com
Фото: Instagram