X
 03.11.2017 Здравје

Најдобриот начин за одвикнување од пушењето

Резултати од истражување спроведено на „Оксфорд“ покажуваат дека е најдобро нагло да се прекине со пушењето.

Во текот на истражувањето научниците дошле до сознанија дека пушачите што веднаш се откажуваат од пушењето имаат за 25 отсто поголеми шанси и по четири седмици да не запалат цигара, но и за 42 отсто поголеми шанси да не пушат ниту во период од 6 месеци. За жал, ова не важи за оние што постепено се откажувале од цигарите пред целосно да ги остават.

Објаснувањето се крие во тоа што луѓето кои го намалувале бројот на испушени цигари потешко се одлучувале дефинитивно да престанат да пушат, а оваа практика воедно и ја зголемува потребата за цигари. Сепак, ако одлучите да ги оставите цигарите веднаш, тогаш ќе се помирите со тоа дека тие нема да бидат дел од вашиот живот во наредниот период. Исто така, ментално ќе ви биде полесно и вашето тело нема да бара никотин.

По една година од откажувањето на цигарите ризикот од кардиоваскуларни болести се намалува за 50 отсто, а по 10 години од откажувањето се намалува и ризикот за воспаление на белите дробови.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје