X
 03.11.2022 Живот

„Дизни“ објави божиќна реклама што ги расплака сите

Иако е почеток на ноември, веќе почнаа да се прикажуваат божиќни реклами. Компанијата „Дизни“ е една од првите што објавија ваква реклама.

Анимираната реклама со наслов „Подарокот“ (The gift) ја следи приказната на семејство кое чека принова. Најмалата ќерка Ела на почетокот ѝ се лути на мајка си зашто не може да се дружи со неа како порано и станува понезадоволна како што се приближува терминот за породување.

Меѓутоа, кога мајката се враќа со новиот член на семејството, Ела заборава на лутината и на бебето му ја подарува својата омилена играчка.

Рекламата била направена во соработка со хуманитарната организација „Мејк а виш“ и била прегледана илјадници пати на „Јутјуб“.


Извор: Klix
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот