Кафето им е омилена напивка на многу луѓе. Доколку сте љубител на кафе, сигурно ќе ве интересира кафето што се продава во Виена кое се служи во корнет наместо во шолја или чаша.
Ова кафе се нуди во кафулето „Фенстер“, што значи прозорско кафуле. Според реакциите на интернет, местото е многу популарно, а многумина објавуваат фотографии од кафето кое изгледа како вистински специјалитет.
Во кафулето нема место за седење, туку кафето се зема од прозорец и е за носење. Тоа не е така лошо доколку сте турист во Виена и сакате да го видите градот додека пиете кафе.
Се вели дека кафето во ова кафуле е најскапото во Виена, а може да чини и до 10 евра. Во кафулето може да се порачаат и други видови кафе кои се поевтини.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Instagram (printscreen)