Гери Ваткинсон го нарекуваат г-ин Гравчо бидејќи јаде грав за појадок, ручек и вечера секој ден, откако помни за себе. 25-годишникот е од Хадерсфилд, Јоркшир.
- Откако помнам за себе, откако бев дете, јадам само грав, леб и компири, вели тој.
Откако ја слушнал приказната на девојка на возраст од 22 години која починала откако следела слична диета, тој одлучил да го провери своето здравје кај специјалист. Но, резултатите биле одлични. Неговиот лекар изјавил дека тој е сосема здрав.
- Јас не јадам овошје или зеленчук или било што друго. Станувам наутро и јадам грав со леб за појадок, а потоа повторно за ручек и вечера. Не ставам ниту кашкавал. Кога им кажувам на луѓето не ми веруваат.
20-годишната девојка на Гери ја опишува неговата исхрана како „многу чудна“, но нутриционистите се согласуваат дека добива доволно витамини.
Ивон Вејк, нутриционист, вели дека Гери внесува здрави влакна со гравот, како и маснотии и калории. Но, таа додава дека неговиот живот веројатно ќе биде ограничен во поглед на енергијата и можеби нема да биде многу здрав цел живот.
- Тој ќе мора да јаде повеќе витамини, минерали и останати елементи за да ги одбегне болестите кои ги напаѓаат постарите лица. Неговите коски ќе бидат слаби и ќе се заразува со вируси и настинки, вели таа.