X
 03.12.2021 Забава

Студентка се појавила на предавање во пижами и со душек

Студентка од Велика Британија толку не сакала да го напушти креветот за да оди на утринско предавање, што го понела и душекот на факултет. Можеби сте виделе студенти во пижами во маркет или на улица, но веројатно ова е првата студентка што се појавила во пижами на предавање.

Корисничката на „Тик-ток“ Магда објавила видео од студентката која пристигнала на предавање со душек и пижами. Настанот се случил на Универзитетот во Лоубороу, Лестершир.

Многумина коментирале на објавата која била прегледана илјадници пати. Очекувано, студентите што коментирале сметаат дека станува збор за генијална идеја. Што мислите вие?

@kapciaks

she said fuck it I’m sleeping still #fyp #uni #lboro

♬ Tell Me Something Good - Ewan McVicar


Извор: Lad Bible
Фото: TikTok (Printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава