Едно од најдобрите училишта во Велика Британија, се проширува и во Дубаи.
Училиштето за девојки ја проширува својата дејност и тоа во корист на иселениците и локалните семејства во Азија. Кинеските, Индијските и Арапските семејства сакаат да им обезбедат на своите деца британско образование. Британската влада пак, проценила дека интернационалните училишта носат 1 милијарда фунти на британската економија.
„
The North London Collegiate School“, веќе има свои интернационално училиште и во Јужна Кореја и откако е отворено во 2011, прераснало во едно од водечките училишта во Источна Азија.
Освен училиштето во Дубаи, во план е отворање на училиште и во Сингапур. Во Дубаи отворањето е закажано за септември 2017 година, а програмата е предвидена да биде соодветна за подготовка за британските универзитети. Отворено ќе биде за 1.800 студенти на возраст од 3 до 16 години.
Наставниците од Дубаи ќе бидат тренирани во Велика Британија, а потоа знаењето и искуството ќе го пренесат таму.